| четврток, 6 декември 2018 |

Детали за убиството во Мала Речица – загинатиот имал 37 години

убиство

Вчера околу 23.30 часот во Тетово на ул. „188“ се случила расправија помеѓу лицата А.Б. (33) и Б.М. (30) од една страна, и од друга страна Х.М. (37), М. Х. (34) и Х.К. (39), сите од Тетово.

Во еден момент Б.М. со огнено оружје почнал да пука кон Х.М., М.Х. и Х.К.

Х.М. починал на самото место, а Х.К. и М.Х. се здобиле со прострелни рани во пределот на нозете, по што истите се пренесени во Клинички центар-Скопје за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршиле ЈО и увидна екипа од СВР-Тетово.

По наредба на ЈО телото на починатиот е предадено за обдукција. СВР-Тетово превзема мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top