| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе избега ли СДСМ и од овие избори?

Трет обид да ѝ се стави крај на политичката криза во Македонија, наметната од неможноста на опозицијата на фер и демократски начин преку избори да дојде на власт. На 31 август лидерите на четирите големи партии се договорија по однос на сите спорни прашања. Според договореното избори ќе бидат одржани на 11 декември. Владата која ќе ги организира изборите беше избрана вчера, на 2 септември.

Нов министер за вантрешни работи е Оливер Спасовски, а Фросина Ташевска Ременски е министер за труд и социјална политика. Пратениците ги избраа и новите допоплнителни заменици-министри. Оливер Андоновски ќе биде дополнителен заменик-министер за внатрешни работи, Диме Спасов за труд и социјална политика, Кире Наумов за финансии, Александар Кирацовски за информатичко оптество и администрација и Љупчо Николовски за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, претходно за медиумите изјави дека се што ќе биде предложено ќе биде прифатено, со цел да не се даде простор на СДСМ повторно да ги пролонгира изборите и кончено да се стави крај на кризата.

Предвремените парламентарни избори ќе бидат одржани на 11 декември, нов уредник на МТВ ќе биде Санта Агирова, а петтиот член на ад хок телото за медиуми е Љуљзим Хазири.

Техничка влада се формира вторпат оваа година откако СДСМ ги бојкотира избороите договрени за 5 јуни, кои не се одржаа исто како што не се држаа ниту изборите договорени во Пржино на 24 април.

Сметате ли дека и овојпат СДСМ ќе избега во последен момент и нема да се соочи со народот.

[poll id=”164″]

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top