Возачот и патниците навреме избегале и се спасиле кога забележале дека автомобилот „мерцедес“, во кој се возеле се запалил кај Стража на магистралниот пат Kичево-Гостивар. Според полициските информации, возилото се запалило завчера околу 10.30 часот, во близина на месноста Стража.
Додека В.Л. (50) од Албанија го управувал својот автомобил „мерцедес Е 220“ со албански регистарски ознаки, забележал дека од просторот кај моторот почнало да чади, а потоа се појавил и оган.
– Поради тоа што му откажале сопирачките, возачот морал да го сврти возилото во спротивен правец за да може да застане. Откако застанал излегле сите патници, а возилото по кратко време целосно изгорело – велат од полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.