Министерството за туризам на Сирија објави ново видео, а рекламната кампања се спроведува под мотото „Сирија секогаш е преубава“.
Како што соопштила ТВ Ел Арабија, видеото е речиси целосно снимено во подрачјето на градот Тартус и е посветено на одмор на Средоземното море . На видеото нема споменици под заштита на на УНЕСКО кои се урнати во текот на воените акции.
Целосно е уништен стариот дел на Алепо, а се уништени храмовите и триумфалната капија на Палмира. Селата на северна Сирија во која жителите чувале арамејска култура се опустошени.
Во голема мерка е оштетена и тврдината Крад де Шавалије и старите споменици на Дамаск.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)