Нов водовод за 6 села во Македонски Брод, санација на мостови и чистење на каналската мрежа во Крушевско, нови спортски сали во Долнени беа меѓудругото точките разгледувани на вчерашниот тематски стостанок на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, со ресорните министри и градоначалници на кој се разгледуваа барањата на граѓаните од посетите на терен.
Ќе се гради водоводна мрежа во 6 села во Македонски Брод. Министерството за транспорт и врски изработува проект за водовод од село Сушица, до село Зркле, а поминува низ селата Могилец, Горни и Долни Манастирец. Ќе се изработи проект по што ќе се распише тендер.
Освен во Валандово, и во Долнени и во Јосифово наредната година ќе почне градба на училишна спортска сала.
Договорена е конзервација и реставрирање на мостот во Бучин, кој претставува остаток од римскиот период и претставува значајно културно блато.
Министерката за култура, Елизабета Канчевска-Милевска, најави целосна реставрација на мостот и со тоа ќе се оствари долгогодишното барање за негова заштита.
За чистење на каналите во крушевското село Бучин ќе се додели нафта, а чистењето ќе се одвива во наредниот период, со што ќе се острани заканата за преплавување на постојната каналска мрежа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)