Порнографијата во осумдесеттите се сметала за уметност, а токму тогаш и ја достигнува својата златна доба. За да ние денес имаме слика како тоа изгледало „зад сцената“, ни помага фотографот Барбара Нитке, која ги овековечила тие моменти.

Порнографијата отсекогаш била проста, но некогаш во оваа работа имало многу повеќе достоинство. Се обрнувало внимание на глумата, емоциите, па понекогаш и на приказната.

Фотографот Барбара Нитке се нашла сосема случајно во оваа професија бидејќи во тоа време нејзиниот сопруг бил продуцент на порнографски филмови, па за снимањето на „Ѓаволот во г-ѓа Џонс“ ја викнал да фотографира, што во иднина станало практика. Така Барбара работела на преку 300 проекти и ги фотографирала големите ѕвезди на оваа индустрија.

Подоцна насобраниот материјал го сместува во книгата „Американ екстази“ – хронологија на американската порнографска сцена.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


