Зошто мажите гледаат порно филмови?! Веројатно, на ова прашање секој припадник на посилниот пол има свој одговор, но жените едноставно не можат, а да не се прашуваат зошто нивниот сакан не може да одолее на порнографските содржини.
Веројатно не постои човек во овој свет кој што некогаш не гледал одреден вид на порнографска содржина, a иако времињата се менуваат, припадниците на посилниот пол сепак се уште ја имаат титулата за “најзаинтересирани” за ова слатко искушение. Во продолжение прочитајте неколку причини поради кои што мажите едноставно не можат да им одолеат на порнографските филмови.
Досада
Колку и да звучи неверојатно, по неколку спроведени истражувања било заклучено дека мажите најчесто гледаат порно филмови поради досадата. Имено, нештата многу брзо им се досадуваат на мажите, па токму затоа порно филмовите се вистинската забава.
Мастурбација
Кога станува збор за мастурбацијата, нема потреба од дополнителни коментари. Едноставно, порнографските филмови и мастурбацијата одат едни покрај други, па така, втората најчеста причина поради која мажите гледаат порнографски филмови е токму тоа, мастурбацијата.
Никој друг не им бил достапен
Чекањето и сексот, кога станува збор за мажите, едноставно не одат заедно. Тие се како жар кое што сосема малку треба да се потпали, па ако нивната партнерка или сопруга не е во близина, “утехата” ја пронаоѓаат во порно филмовите.
Теретаната е затворена
За голем број на мажи, вежбањето е лекот за стресот. Но, доколку не се во можност да отидат до теретаната, тие мораат да пронајдат некој начин на кој што ќе се забавуваат и ќе се опуштат, па најчесто седнуваат пред компјутерот и пронаоѓаат “соодветен материјал” со кој што ќе заборават на изминатиот напорен ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.