| четврток, 6 декември 2018 |

Жено, може ли да гледам порно филмови?

Британскиот премиер Дејвид Камерун изјави дека интернет провајдерите во таа земја, ќе ги натера мажите од своите жени да бараат дозвола ако сакаат да гледаат сајтови со порнографска содржина.

Според зборовите на премиерот, секој оној што ќе сака пристап до порнографски сајтови од својот компјутер ќе мора претходно да ги исклучи филтерите кои спречуваат децата да видат такви содржини.

За гасењето на филтерите мора да се сложат двата родитела, што значи дека мажите ќе мора да добијат согласност од нивните жени за да гледаат порно филмови на нивниот компјутер.

Британскиот министер Ник Болс се противи на оваа одлука и истакна дека на секому треба да му се овозможи да го живее животот како што сака.

– На возрасните не треба да им се држи предавање за уживањето во порнографијата – смета Болс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top