| четврток, 6 декември 2018 |

Обид за шверц на минерали и на девизи на „Александар Велики“

Во првиот се откриени 32 килограми минерални суровини за кои е утврдено дека се нелегално ископани од територијата на Македонија, а во вториот се пронајдени 37 илјади американски долари

На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје било спречено нелегално изнесување минерални суровини, како и американски долари од земјава. Станува збор за два одделни случаи.

Во првиот се откриени 32 килограми минерални суровини за кои е утврдено дека се нелегално ископани од територијата на Македонија, а во вториот се пронајдени 37 илјади американски долари.

carina

Минералните суровини се откриени кај канадскиот државјанин Р.В. (1955), кој не пријавил ништо за царинска контрола, но во неговиот багаж при контролата се пронајдени 17 вреќички полни со неоргански минерални материи.

Во разговор со лицето е утврдено дека станува збор за мостри ископани од територијата на Македонија и на Косово врз кои веќе биле извршени проспекциски геолошки истражувања без соодветна дозвола од надлежните органи на Република Македонија.

Минералните суровини се одземени, а против лицето е покрената прекршочна постапка.

Покрај ова, утрово кај македонски државјанин, кој требало да патува за Загреб, откриени се 37 илјади американски долари. Македонскиот државјанин А.Р. пријавил дека носи само 300 евра, но поради сомневање, при контролата од страна од царинскиот службеник пронајдени се 39.600 американски долари.

37 iljadi dolari

Од Царинската управа информираат дека во согласност со Законот за девизно работење може да се изнесат девизни средства во противвредност од 2.000 евра поради што 2.600 долари му се вратени на патникот, а останатите 37 илјади евра се одземени. Против лицето е поведена прекршочна постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top