| четврток, 6 декември 2018 |

Меси спасител на Аргентина, Габриел Жезус блесна на дебито за Бразил

messi argentina

Во квалификациските натпревари за Светското Првенство 2018 кои се одиграа ноќеска, Лионел Меси и обезбеди победа на Аргентина против Уругвај од 1:0, постигнувајќи среќен погодок во 43. минута од средбата, кој се покажа доволен за победа.

На крајот на првото полувреме „гаучосите“ останаа со играч помалку, откако Дибала беше исклучен по добиениот втор жолт картон, па Аргантина без премногу сознадени шанси и доминација на теренот успеа да стигне до победата, иако целото второ полувреме имаа играч помалку.

Бразил, пак, напредува со новиот селектор. По освојувањето на златото на Олимписките игри, „кариоките“ ноќеска славеа против Еквадор во квалификациите со 0:3. Домаќинот одолеваше пред бразилските напади, но се „сруши“ по погодокот на Нејмар во 72. минута од пенал, по прекршокот кој беше направен над новиот играч на Манчестер Сити, Габриел Жезус кој дебитираше за Бразил. Високата победа на „кариоките“ ја заокружи токму Жезус со два гола во 87. и во 92. минута, од кои првиот беше вистинска мајсторија.

gabriel jesus

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top