| четврток, 6 декември 2018 |

Човек со осум животи (видео)

matthew_09052013-625-dlml25 годишниот Метју Хоксли успеал да ја надитри смртта дури осум пати. Преживеал пад од карпа, го скршил вратот, преживеал срцеви удари, воспалување на белите дробови и рак.

Своето прво чудесно бегство од канџите на смртта го имал во 2011 година кога со своите пријатели решил да замине на пливање во Ирска. Хоксли без да знае колку е длабочината на водата мала, се залетал и нурнал во вода длабока само еден метар, преполна со остри камења. Од ударот ја скршил клучната коска, која му го скршила вратот и за малку што не му го пресекла `рбетот, што сигурно ќе го усмртело.

Траумата од падот предизвикала и срцев удар, а неговите дробови се наполниле со вода. Спасителите се обидувале да го оживеат цели 30 минути, колку што им било потребно да го извлечат од вода.

-Јасно е дека луѓето кои ме извлекоа од вода го спасија мојот живот, бидејќи знаеа точно како да ме одржат во живот додека да дојде итната медицинска помош – вели Метју.

Откако бил пренесен во болница му биле потребни пет недели за да излезе од кома. Потоа врз него е извршена комплицирана операција, заради која бил потполно парализиран и со околината комуницирал единствено со трепкање. Докторите му прогнозирале дека цел живот ќе го помине во инвалидска количка, но за чудо тој проодел по само пет месеци од операцијата.

Уште додека престојувал во болница, добил смртоносен вирус MRSA, а како резултат на ослабениот имунитет добил големо воспалување на белите дробови. Потоа докторите му дијагностицирале канцероген тумор на тестисите и по итна интервенција му бил отстранет десниот тестис.

-Постојат толку многу причини за да кажам дека сум најнесреќниот човек на земјата, но исто така и можам да кажам дека сум и најсреќниот. Никогаш не треба да се предадете. Морате да си дојдете на себе и да продолжите понатаму – изјавува Метју.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top