Собранието на Република Македонија попладнево ја почна расправата по предлогот за избор на член на Владата откако министерот за внатрешни работи Митко Чавков поднесе оставка.
– Може да потврдам дека министерот Митко Чавков предмалку поднесе оставка на позицијата министер за внатрешни работи. Премиерот Димитриев ја прифати оставката на Чавков и согласно законските прописи ја испрати до Собранието заради нејзино констатирање. Истовремено премиерот до Собранието испрати предлог професорот Оливер Андонов да биде нов министер за внатрешни работи. Тој има долгогодишно искуство со работа во разни сфери во областа на безбедноста, а моментално е професор, и тој е предлог кој доаѓа од редот на експертската фела. Откога пратениците ќе го изберат Андонов тој ќе биде нов министер, а потоа ќе биде и дополнителен заменик министер за внатрешни работи во Владата за спроведување на изборите која би требало да се изгласа во Собранието утре, вели портпаролот Ѓорѓиев.
Пратеничката група на СДСМ побара оваа точка да се симне од дневен ред, бидејќи според нив нема никаква логика денеска да се гласа за нов министер за внатрешни работи, а веќе утре согласно вчерашниот договор на лидерската средба, да се избрира нов министер за внатрешни работи од редовите на опозицијата.
По барање на пратеничката група на ДУИ седницата е прекината и ќе продолжи за половина час. Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Талат Џафери, образложувајќи го барањето за пауза, рече дека ваквиот предлог е спротиставување на одлуката донесена на вчерашната лидерска средба дека на 100 дена од изборите треба да биде избрана новата техничка влада.
Досегашниот министер за внатрешни работи поднесе оставка на функцијата, а Оливер Андонов е предлогот на Владата за нов министер за внатрешни работи.
Откога пратениците ќе го изберат Андонов, тој ќе биде нов министер, а потоа ќе биде и дополнителен заменик-министер за внатрешни работи во Владата за спроведување на изборите која би требало да се изгласа во Собранието утре.
Според портпаролот на Владата, се очекува премиерот Димитриев да го предложи Митко Чавков за нов директор на Бирото за јавна безбедност во МВР.
-Чавков има долгогодишна работна кариера во МВР со голем број успеси во неговата работа. Позицијата министер за внатрешни работи ја извршуваше на високо и квалитетно ниво и Владата е задоволна од неговата работа. Проценката на премиерот е дека во идниот период е потребно тој да биде директор на Бирото за јавна безбедност каде што степенот на оперативно и тактичко постапување е поинтензивен и како човек кој е квалитетен и искусен тој е потребен за оперативно извршување на задачите и целите, особено ако се имаат во предвид најавите за можноста за нови мигрантски бранови и други безбедносни ризици. Откога ќе биде констатирана неговата оставка во Собранието, Чавков ќе биде предложен за нов директор на БЈБ на владина седница која би требало да се одржи во текот на денот, вели Ѓорѓиев.
Портпаролот потврди и дека претпладнето Владата имала седница на која по нивно лично барање се разрешени досегашните директори на Бирото за јавна безбедност и Управата за безбедност и контраразузнавање, Горанче Савовски и Љупчо Андоновски. Од Владата се благодарни за нивниот досегашен ангажман и истакнуваат дека тие како квалитетни кадри и професионалци ќе продолжат да работат во МВР на други позиции. На истата седница за нов директор на УБК е именуван Владимир Атанасовски, досегашен директор на Управата за финансиско разузнавање.
Атанасовски покажа квалитетни резултати на неговата претходна позиција и одговорно и посветено ја вршеше функцијата. Владата претпладнето на седница го именуваше за нов директор на Управата за безбедност и контраразузнавање. Сметаме дека и на новата позиција ќе покаже високо ниво на професионализам и соодветно ќе ги изврши работните задачи, додава портпаролот на Владата Ѓорѓиев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Андонов: Кој дал налог да се прислушкува претседателот Иванов?
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи