
Германската армија ќе обучува сириски бегалци за градежни професии со цел да им помогне да ја обноват државата по војната, јави ДПА.
Официјалниот почеток на проектот беше денеска во Берлин во присуство на министерката Урсула фон дер Лајен. Бегалците ќе се обучуваат за инженери и конструкциски работи.
Курсевите ќе траат шест месеци во Берлин и во провинциите Долна Саксонија и Баварија. Пилот-проектот првично беше за 120 бегалци, но засега потенцијални кандидати се само 45.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


