| четврток, 6 декември 2018 |

Песна што мора да ја чуете – „Бионда“ снимија видео за „Ако си одиш“ (ВИДЕО)

По неколкуте одлични преработки на веќе испеани хитови, дуото „Бионда“ составено до Бојан Дамјаноски и Весна Илиќ Павловска, овој пат публиката ќе ја почестат со своја авторска композиција.

14233776_10210800264182319_1916287256_o

Се работи за песна на добро познатиот тандем Лазар и Магдалена Цветковска, а истата носи наслов „Ако си одиш“.

14233663_10210800264222320_572004900_o

– Песната ја работевме со Лазе и Ена и овој пат се потрудивме да направивме нешто поразлично, нешто поинакво, а секако и со тоа официјално да ја започнеме нашата музичка кариера. Оваа песна е за секое уво и може секој да си ја доживее онака како што му одговора. Екипата со која работевме е прекрасна и соработката со нив ќе продолжи и во иднина. Уште од сега може да најавиме доста нови работи од нас – велат дуото Бојан и Весна од „Бионда“.

14233746_10210800264142318_260132835_o

За новата авторска песна, дуото сними и видеоспот. Овој пат Бојан се најде во двојна улога, покрај пеењето, тој беше режисер и на спотот.

– Јас си бев режисер, а со Лазе заедно го смисливме сценариото. Може само да кажам дека имаме екипа која штто ветува многу – изјави Бојан.

14191806_10210800264102317_727038834_o

За камерата на снимањето на спотот беше задолжен Гого Клинчаров, Дарко Данилов го управуваше дронот, додека Елеонора Марк беше одговорна за шминката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top