Минувачите кај преминот Стража беа сведоци на непријатна глетка. Пожар кој избил во едно возило на патот во целост го уништил автомобилот. Причините за пожарот се уште не се познати, а противпожарната екипа реагираше брзо и спречи проширување на огнот.
– Претпладнево на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во непосредна близина на Стража, патничко моторно возило Мерцедес со албански регистарски ознаки се запалило. Територијалната против пожарна единица веднаш интервенирала и пожарот е изгаснат, но поради далечината возилото целосно изгорело, јави Курир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.