Можеби една од најголемите драми на последниот ден од рокот за трансфер синоќа се одиграла во Торино.
Трансферот кој многумина го прогласија за готов, на крајот пропадна, а Белгиецот Аксел Витсел, место да се пресели во Јувентус, ќе остане во Зенит барем уште една година.
Договорот пропаднал затоа што документите што требаше да бидат потпишани за реализација на овој трансфер, задоцниле и стигнале предоцна во Италија.
Витсел пристигнал во Торино во текот на денот, ги поминал лекарските прегледи и повеќе од 13 часа дремел во една од канцелариите на Јуве чекајќи за да ги потпише документите.
Италијанските медиуми денеска објавија дека Зенит се одлучил на таков потег откако не успеале да најдат адекватна замена за Витсел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.