| четврток, 6 декември 2018 |

Автомобил се преврте на кружниот во центарот на Охрид, има повредени (видео)

Неколку лица со повреди синоќа се пренесени во охридската болница откако нивниот автомобил се преврте на кружниот тек кај „Охридска Банка“ во центарот на Охрид, пишува Охрид 1.

Возилото се движело во правец на улицата „Седми Ноември“ кога изгубило контрола и удрило во заштитната ограда и се превртело наопаку.

фото/видео Охрид 1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top