Дваесет и петгодишен диџеј бил претепан бидејќи не им ја исполнил музичката желба на двајца гости. Настанот се случил кај базенот во Бања Врујци во Србија.
Денската забава, на која присуствувале и многу деца, била при крај, кога вајца пијани гости му се приближиле на диџејот барајќи да им ја пушти песната „Видовдан“. Тој им рекол дека ќе ја пушти само ако му дозволи газдата.
Подоцна гостите повторно се вратиле и прво почнале да го навредуваат, а подоцна и го нападнале со тупаници и со стап. Полицијата ги уапсила напаѓачите, а младиот диџеј завршил со тешки телесни повреди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нова песна на големиот родољуб Бизи „Не ви се даваме“ (видео)
-
Бизи му врати на Слаткар: Одговор на „Отворено писмо“ (ВИДЕО)
-
Проблематичен бетон се става во охридскиот базен? Нападнат главниот надзорник зошто ја стопирал изградбата
-
Како настана “Битола мој роден крај” која е прогласена за “Песна над песните”