| четврток, 6 декември 2018 |

Како настана “Битола мој роден крај” која е прогласена за “Песна над песните”

Најголемото богатство за Битола и битолчани ни го подари македонскиот песнопоец Ајри Демировски со создавањето на песната „Битола мој роден крај“. Таа беше прогласена за песна на минатиот век на Битола, а нејзиниот творец Ајри Демировски за прв почесен граѓанин. Демировски почина во 2009 година во Измир, Турција, но срцето како што рече пред смртта му остана во Битола за која и ја напиша својата најубава песна. Додека беше жив при една од последните посети на родниот крај, ни раскажа како ја напишал култната песна која Битола ја прослави во целиот свет.

-Во 1944 година додека го учев графичкиот занает во Графичката школа во Загреб, едно утро ме фати носталгија за Битола. Времето беше тмурно, па се сетив на сончевиот југ. Како од душа ми потекоа стиховите и за неколку минути ги напишав. Песната ја изведов пред битолската јавност во 1950 година на една градска свеченост пред Народниот театар. Народот ја прифати и запеа со мене, раскажуваше Ајри.

Целиот текст на babambitola

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top