Во акцијата „Брана“ разбиена е група која продавала дрога, а меѓу нив имало инспектор, лекар, обвинител.
До ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција денеска ќе биде поднесена кривична пријава против 7 лица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’.
Пет од осомничените лица се обезбедени, едно лице против кое ќе биде поднесена кривична пријава е веќе во притвор, а по уште едно лице се трага.
Досега во рамки на „Брана“, лани и годинава кривично пријавени и лишени од слобода се вкупно 30 лица при што запленети се над 4 килограми марихуана, семки од растението Canaabis Sativa, 75 таблети екстази, над 9 грама кокаин, таблета МДМА и 1,6 мл масло од Хашиш за што се поднесени 10 кривични пријави. Досега е пријавен полициски инспектор, јавен обвинител и директор на општа болница. Криминалната група делувала на територијата на Свети Николе, Штип, Кочани, Битола, Гостивар и Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


