| четврток, 6 декември 2018 |

Започна лидерската средба во Клубот на пратеници

Започна лидерската средба во Клубот на пратеници, на која претседателите на четирите политички партии: ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, СДСМ, Зоран Заев, ДУИ, Али Ахмети, и на ДПА, Мендух Тачи ќе оценат дали се исполнети условите за одржување фер и демократски избори.

На средбата присуствуваат и амбасадорот на САД Џес Бејли и претставник на Делегацијата на ЕУ во Македонија, како посредници во постигнувањето на Пржинскиот договор.

Доколку лидерите на четирите најголеми политички партии се договорат, изборите треба да се одржат на 11 декември, а на 100 дена пред изборите треба да се избере преодна влада во која ќе партиципира опозицијата.

Во преодната влада опозицијата треба да ги добие министерските места во секторите внатрешни работи и труд и социјална политика, како и дополнителни заменици министри за финансии, информатичко општество и администрација и за земјоделство.

На 100 дена пред изборите опозицијата треба да именува нов главен и одговорен уредник на МРТВ, а денеска не беше комплетирано ад хок телото кое ќе ги мониторира медиумите.

Претходно, беше прочистен Избирачкиот список од гласачи кои имаа спорни записи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top