| четврток, 6 декември 2018 |

Омилените чевли на Ана Винтур

Една од најмоќните жени во светот на модата, главната уредничка на американското издание на „Вог“, 62-годишната Ана Винтур со години не се одвојува од своите омилени сандали кои ги носи, ама баш во секоја ситуација.

ана винтур

Иако може да избира меѓу сите чевли на светот, Ана Винтур веќе две децении е верна на едни исти кожени сандали во беж боја со потпетица висока шест сантиметри. Сандалите се на Маноло Бланик.

ана винтур1

Моделот е дизајниран во 1994 година и денес се произведува само за Ана и тоа во две нијанси. Имаат и нејзин потпист, АВ, а Маноло Бланик ги дизајнира со и без ременчиња околу глуждот.

ана винтур2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top