Во крајот на март и почетокот на април редовно се прават листи на сандали за пролет што ќе ја обележат сезоната. Станува збор за привлечни и впечатливи чевли со кои, секако, ќе бидете забележани. Важно е што сите тие се удобни и пријатни за носење.
Чевли со украсни детали
Студената зима што е зад нас нѐ натера да носиме топли чевли, кои не се секогаш најубави, но се удобни и нѐ греат. Но, напролет може да се отпуштиме со модели украсени со кристали, машнички и со секогаш актуелното цвеќе.
Сандали со високи потпетици
За да се подготвите за потопло време, во својата колекција додајте сандали со високи потпетици, кои ќе бидат незаборавен дел од вашиот ноќен изглед. Пронајдете сандали што се шик, но во исто време и удобни.
Сандали со ниски потпетици
Без разлика дали ги сакате или не, „китен сандали“ или сандали со мала тенка потпетица повторно се во мода. За напролет идеално би било да одберете модел со шпиц.
Влечки со шпиц
Многу од девојките се опседнати со овие „мулес влечки со шпиц“, односно влечки со шпиц што имаат мали тенки потпетици. Многу се удобни и имаат моќ да го надградат и наједноставниот изглед.
Необични влечки
Рамните влечки минатата сезона беа еден од најголемите трендови. Оваа пролет тие се надградени со интересни детали, како, на пример, крзно, пердуви и тоа во силни бои.
Бели чевли
Белите чевли се едни од главните трендови за 2017 година. Нивната предност е бојата поради која може да ги комбинирате со секаква облека.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.