Мексиканецот Мигел Ангел Гомар Де Луна, 74 годишен, побегнал лани од старечки дом, среде зима, заради зависноста од алкохол.
Неколку месеци потоа семејството добила повик од полицијата, каде им рекле дека пронашле тело во распаѓање, но одговарало на описот на бараниот дедо. Набрзо е организирано креммирање и погреб.
Но, два месеци потоа семејството повторно примила повик, овој пат дека нивниот дедо е жив и здрав! Полицијата го нашла како проси за да може да купи алкохол.
Мигел го донеле дома пијан и со врзана глава и рана добиена при пад во пијана состојба.
-Тие мислеа дека сум умрел, но јас уште одам- вели тој пред камерите. Семејството и покрај проблемите кои им ги создава е среќна за него.
Сега ги чека многу бирократија, од тоа што потврдиле дека телото е нивниот дедо, додека полицијата да утврди кој тоа е закопан, а сите заедно да го „вратат од мртви“ пијаниот среќник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)