| четврток, 6 декември 2018 |

Цел Холивуд за календарот на „Пирели (видео)

Оскаровката Никол Кидман и нејзината колешка Џулијан Мур се само дел од ѕвездите кои го красат календарот на „Пирели” за 2017 година.

Фотографиите за новото издание на календарот ги направи германскиот моден фотограф Петер Линдберг, кој работеше со „Пирели” и во 1996 година и 2002 година.

На Календарот за 2017 година се најдоа некои од најголемите ѕвезди на Холивуд.

Пред објективот на Линдберг позираа и Пенелопе Круз, Хелен Мирен, Ума Турман, Робин Рајт, Лупита Нјонго, Алиша Викандер, Кејт Винслет, Руни Мара, Џесика Частеин, Шарлот Рамплинг, Жанг Ции и Леа Сејду.

Целта на фотографот е да ја разобличи лажната претстава за убавина, наметната од индустријата. Компанијата „Пирели” го издава култниот календар уште од 60-тите години на минатиот век. Тој се дава во ограничен тираж на привилегирани партнери и пријатели на фирмата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top