Државната изборна комисија (ДИК) денеска заклучи дека во законскиот рок од 10 дена по истекот на рокот за пријавување согласно објавениот јавен повик, не беше поднесено барање од три или повеќе члена на ДИК за дополнителна проверка за кое било од лицата кои се пријавиле во текот на увидот со што е конечен Извештајот за пријавените спорни гласачи.
– Извештајот за спроведената постапка за пријавување на граѓани чии што записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни записи, односно за кои има несовпаѓање на податоците за граѓаните предмет на проверки во Избирачкиот список од 23.08.2016 година е конечен. Горенаведениот заклучок станува составен дел на Извештајот, соопшти денеска ДИК.
Оттаму информираат дека денеска ќе достават писмено известувањедо четирите најголеми политички партии со Извештајот за спроведената постапка за пријавување на граѓани чии што записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни записи, односно за кои има несовпаѓање на податоците за граѓаните предмет на проверки во Избирачкиот список, Заклучокот од 30.08.2016 година, кој станува составен дел на Извештајот и Информација за состојбата со Избирачкиот список по завршената постапка за пријавување на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција
-
ДИК апелира изборните органи да работат професионално и одговорно, набљудувачите да се придржуваат до Кодексот