Победничката на престижниот македонски фестивал на забавни мелодии „Макфест“ за 2012, Сара Маркоска, ја промовира нејзината нова песна која истовремено доби и видео запис. Во нумерата „Зелено светло“ што е снимена во студиото на Дарко Димитров, а е авторско дело на хитмејкерот Лазар Цветкоски со текст на Магдалена Цветкоска Ена, на Сара и гостува и Панчо од ДНК.
– Пресреќна сум што конечно излезе во етер мојот нов сингл и мојот прв спот. Панчо ми направи огромна чест не само со тоа што ми гостува во песната и спотот, туку и со тоа што во еден здив го напиша текстот кој самиот го рапува. Песната е многу енергична во Р&Б ритам кој и самата го сакам и мислам дека ќе биде голем летен хит во кој ќе се пронајдат многу припаднички на понежниот пол – изјавува младата Сара.
Во видео записот кој што го работеше Томато Продукција, Сара се истакнува и со својата втора љубов – танцот, играјќи на секси кореографија од Јана Андреевиќ заедно со своите „колешки“ од балетското студио Еурека, каде што самата е член повеќе од 10 години. Стајлингот на Сара во видео записот кој што се снимаше на неколку локации во Скопје, е дел од новата колекција на познатата дизајнерка Тања Кокев. Песната и спотот деновиве ја доживуваат својата медиумска промоција, а Сара на публиката и најавува интересен летен проект од кој таа ќе биде дел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)