Внукот на Јанаки Манаки, кој е единствениот наследник на имотот на браќата Манаки, вчера не присуствуваше на поставувањето камен-темелник на киното, кое Општина Битола почна да го гради во чест на браќата Манаки. Тој беше во Основниот суд во Битола, каде што достави документација за сопственост на имотот на кој ќе се гради киното и тврди дека местото на кое ќе се гради киното и дел од ресторанот што е во непосредна близина е дел од сè уште неденационализирано наследство.
Милтон Манаки вели дека се разграбува имотот на Манакиеви и како доказ за тоа ги има документите што говорат за постапката за денационализација.
Градоначалникот на општина Битола вчера потврди дека Општината има дозвола за градба и дека сè е чисто околу самата постапка.
Милтон Манаки, внукот на Јанаки Манаки, тврди дека 899 квадратни метри од земјиштето кај барот е негов наследен имот и зафаќа дел од сегашниот ресторан и дел од киното што треба да се гради.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.