Европската комисија денеска одлучи дека компанијата „Епл“ треба да плати 13 милијарди евра на Ирска поради избегнување од плаќање данок.
Европската комисија го сомничи „Епл“ дека избегнувал исплаќање данок во Ирска, и поради ова се стекна со привилигирана положба прекршувајќи ги законите во Европа. Комисијата ќе и презентира формула за калкулирње на данок на Ирска.
Случајот против „Епл“ е отворен од јуни 2014 година, поради две законску регулативи за данок на Ирска кои датираат од 1991 и 2007 година. Законите им дозволуваат на американските фирми да платат 2 отсто данок од профитот направен два нивни производи, наместо официјалните 12.5 проценти корпоративен данок. Се очекува и „Епл“ и Ирска да ја обжалат одлуката. Според ирски минитер кој бил цитиран во „Ајриш Тајмс“, комисијата измислува нови правила за интернационален данок.
Ирска не е првата држава од која е побарано да земе пари од компаниите. Минатата година, Европската комисија наложи на Холандија дополнително да го оданочи „Старбакс“ и на Луксембруг од „Фиат“ за 20 до 30 милијарди евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.