Објавена е комуникацијата која открива детали за планот за соборување на леатлото на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на 15 јули.
Разговорот кој се водел преку радио-врска е објавен во понеделникот, покажува како пилотите кои биле дел од неуспешниот обид за државен удар во Турција на 15 јули планирале да го соборат авионот во кој бил претседателот Ердоган, пренесуваат локалните медиуми.
Како што пишува „Дејли Сабах“ ( Daily Sabah), ноќта кога се случи обидот за преврат радиската комуницкација меѓу воени офицери лојални на организацијата ФЕТО на Фетулах Ѓулен, за која се смета дека стои зад обидот за пуч, се откриваат наредбите за соборување на претседателскиот авион и бомбардирање на неколку клучни згради, вклучувајќи го и Парламентот и претседателскиот комплекс.
Во текот на ноќта на 15 јули и во раните утрински часови следниот ден делови од војската на Турција се обидоа власта избрана на демократски начин да ја симнат од власт.
Најмалку 240 лица , вклучувајќи и цивили и припадници на силите за безбедност, загинаа, додека илјадници беа ранети во текот на протестите против ударот.
Турските медиуми пишуваат дека организацијата ФЕТО е обвинета за инфилтрација во редовите на силите за безбедност и во судството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)