| четврток, 6 декември 2018 |

Нашата футсал репрезентација минимално загуби од Франција

futsal-mkd-fra-290816

Футсал репрезентацијата на Македонија загуби од Франција со 2-1 синоќа во СЦ „Борис Трајковски“ во првиот од двата предвидени меѓусебни контролни натпревари.

Франција дојде во водство во 14. минута од натпреварот со голот на Абдесамад, а Македонија пропушти неколку шанси во првото полувреме, најдобрата ја имаше Агуши.

Во вториот дел многу подобра игра на нашата селекција која успеа да го израмни резултатот во 23. минута преку Петровиќ. Во самата завршница голманот Антонио Петровски се обиде да фрли контра, но не се разбра добр со Левески, таа топка ја пресече Аздине и успеа да постигне гол за победа од 2-1.

Утре во спортската сала во Велес двете репрезентации ќе одиграат уште еден натпревар во рамките на подготовките за претстојните квалификации за евро-шампионатот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top