| четврток, 6 декември 2018 |

Во овој град во Германија киријата е едно евро за цела година – Погледнете ги условите за да се вслелите

grad evro

Фугерај, во баварскиот град Аугсбург, е еден од најстарите светски комплекси на социјални станови во светот. Годишната кирија во овој град/населба изнесува помалку од 1 евро.

Но, за да се преселите и да живеете во овој град треба да исполните неколку барања.

Фугерај бил создаден од Јакоб Фугер, еден од најбогатите и најмоќните луѓе во историјата кој на своите наследици им остави повеќе од 7 тони злато. Имал бизнис врски со Ватикан и Римската империја. Незадоволен од материјалните добра, Јакоб сакал да направи нешто за социјално загрозеното население.

Заедно со неговиот брат тој ја финансирал изградбата на Фугерја со почетен депозит од 10.000 гулдени (некогашна валута), помеѓу 1514 и 1523 година. Овој комплекс за сиромашни им понудил тесно поврзана верска заедница со доста евтино сместување. Жителите воглавно биле занаетчии и работници.

fugeraj

Жителите плаќаат иста кирија колку што изнесувала и во 1520 година – 1 тогашен гулден и 88 денешни центи.

Логично е дека ова го прави местото популарно за живеење, меѓутоа се чека околу четири години за вселување, а постои и листа на чекање. Покрај тоа, за воопшто да помислите да живеете на ова место, треба да исполнувате посебни услови. Ако сакате Фугерај да биде вашиот дом мора да бидете католик и да учествувате во три дневни молитви, да имате над 60 години, да живеете најмалку две години во Аугсбург и да имате скромна финансиска состојба, меѓутоа без долгови. Од жителите се очекува да придонесат за заедницата такашто ќе преземат улога на ноќен чувар, градинар или црковник.

Просечната големина на становите е околу 60 метри квадратни, сите имаат посебен влез и сопствена градина. Овој град во град е опкружен со ѕидови со пет врати кои секоја вечер се затвораат во 22 часот. Населбата во текот на Втората светска војна била доста оштетена, меѓутоа повторно изградена и проширена во повоената реконструкција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top