| четврток, 6 декември 2018 |

Грешка која сите ја правиме: Погледнете што му се случува на вашиот организам кога пиете кафе на празен стомак

kafe

Кафето е важен антиоксиданс и научно е докажано дека во некои ситуации го спречува развивањето на малигните клетки. Меѓутоа, ако го пиете на празен желудник работите се менуваат. Една шоља турско кафе која ќе ја испиете без претходно ништо да јадете ќе поттикне создавање на желудочна киселина.

На тоа особено внимание треба да обрнат лицата кои патат од гастритис. Дури и за лицата кои немаат проблеми со стомакот, стручњаците препорачуваат да не пијат кафе на празен стомак затоа што лачењето киселини може да направи нелагодности во текот на оброкот и проблеми со пробавата.

Всушност, протеините кои нема да се сварат предизвикуваат надуеност, горчина, нагон за повраќање, па дури и можат да предизвивкаат рак на дебелото црево. Затоа се препорачува пред да го испиете првото утринско кафе, да каснете барем пола кришка леб.

Ако веќе морате да се напиете каде веднаш откако ќе се разбудите на празен стомак, се препорачува барем да го разблажите со млеко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top