Младата фудбалска репрезентација на Македонија од денеска стартуваше со подготовките за квалификациските дуели со Шкотска и со С. Ирска закажани за 2. и 6. септември.
Селекторот Благоја Милевски првиот тренинг го одржа без Амановиќ и Пивковски кои ќе допатуваат вечерва како и фудбалерите на Шкендија кои денеска играа првенствен дуел со Победа.
– Немаме посебна стратегија на подготовки за средбата со Шкотска. Ќе тренираме како и за претходните средби. Имаме добра анализа на играта на противникот и доколку се подготвиме како за дуелите со Франција и Украина тогаш очекувам уште една радост за македонската јавност“- истакна Милевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.