| четврток, 6 декември 2018 |

Металург четврти на турнирот во Кањижа

Ракометарите на Металург го освоија четвртото место на турнирот во Кањижа, а на последниот натпревар загубија од Нексе со резултат 28:22.

Иако хрватскиот тим на полувреме водел со 11:10, а се до 55. минута Металург одржувал резултатска неизвесност, Нексе одиграл многу поквалитетно во завршните минути за висока победа од 28:22 на мечот за трето место на интернационалниот турнир.

Неловски постигнал 4, а Дрогришки, Пешевски и Талески по 3 голови во поразот на Металург, додека на голот се истакнал Томовски со 8 одбрани.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top