| четврток, 6 декември 2018 |

Доделени признанијата на истакнатите работници во рудникот Саса

Рудникот Саса и Општина Македонска Каменица денеска, по повод празникот на рударите 28 август, ги доделија признанијата на истакнатите работници и соработници на рудникот Саса. Максим Прохоров, директор за развој и инвестиции во РОЦ Саса, истакна дека безбедноста при работа е приоритет.
– Најпрва задача за секој еден вработен е безбедност при работа. Без безбденоста при работа не може да се зборува за други успеси или заслуги. Ова станува наше мото при работењето на рудникот, рече Прохоров.
Во Саса изминативе 10 години се инвестирале над 60 милиони евра во во воведување нови принципи на работење, а со тоа и добивање неколку битни ИСО стандарди, како и меѓународна акредитација за рударска лабораторија, но пред се проекти за зголемена безбедност на рударите.
– Веќе имаме постигнато многу значаен напредок на полето на безбедноста кој е констатиран и од државата и од странски експерти. Ние и во овој момент имаме странски експерт кој работи во таа насока во подобрување на таа стратегија и за секое работно место, каде ќе можеме да кажеме дека сме најдобри не само во Македонија, не само во Југоисточна Европа туку и многу пошироко, рече директорот.
Саса моментно гради ново јаловиште, а проширената концесија за експлоатација најавува и продолжување на векот на рудникот до 2030 година. Прохоров најави нови геолошки истражувања на теренот што ќе го продолжи, рече, векот на рудникот.
– Набавивме нова опрема за во јама, планираме и натамошни геолошки истражувања во рамк на концесиите добиени пред три години. Верувам дека со идните геолошки истражувања ние сме на добар пат за долг работен век на РОЦ Саса, истакна Прохоров.
Во рудникот работат 700 рудари, а тие годишно произведуваат 770  илјади тони сурова руда, а годинава за најдобар рудар во Саса е прогласен Јанче  Стојковски, ракувач на машини во јама. Традиционално, по повод празникот на рударите во Македонска Каменица, во соработка со РОЦ Саса и Општината, на каменичкиот плоштад се организира Каменичкото културно лето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top