Министерот за здравство и вицепремиер, Никола Тодоров денеска беше во работна посета на рударскиот град Македонска Каменица, каде што, како што беше ветено донесен е најсовремен мамограф, кој е веќе инсталиран и во тек е обуката.
Овој уред ќе овозможи рано откривање на малигни заболувања.
-Се бориме за секој еден град во Македонија да добие подобро здравство. Со набавка на нова опрема, со инвестиција во кадар како и здравствена инфраструктура. Намерата е во градовите да се донесе нешто што го немало, да се прошири некој услуга која што не се давала или пак да се подобри постоечка. Тоа е начинот на кој што работевме во изминатиот период и тоа ќе биде фокус на Министерството и во наредниот период. Во секој град да се потрудиме да се унапреди здравството.
Инвестицијата е во вредност од 7 милиони денари и министерството ја направи во соработка со општината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.