Иако генерално важи дека Новак Ѓоковиќ и Јелена имаат совршен брак, ова не е првпат медиумите да ги разведат.
Обично по секој пораз на сведскиот тенески првак, протекува информација дека Ноле и Јелена, кои во 2014 година го добија синот Стефан, имаат проблеми во бракот и се разведуваат.
Италијанскиот весник „Газета“ објави сензационална вест дека најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена биле пред развод на бракот откако тој за британски „Тајм“ во последното интервју изјави дека не беше прерано елиминиран на Вимблдон поради повреда или физички проблеми, туку заради приватни проблеми.
Весникот шпекулира дека приватните проблеми се всушност брачни проблеми кои биле причина Ноле да испадне од Вимблдон и предвреме да го заврши настапот на Олимпијадата, а се откажа и од учество на единствениот мастерс кој му недостасува – Синсинати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.