Водејќи се од принципот на транспатентност и отчетност, ВМРО-ДПМНЕ преку дневните весници објави јавен повик за кандидирање на кандидати за градоначалници за локалните избори кои ќе се одржат во 2017 година. Кандидатурите ќе може да се поднесуваат најдоцна до 20 септември.
Повикот се однесува на сите 81 општинa во државата.
Kандидат за градоначалник може да биде секој граѓанин кој ги исполнува условите за кандидирање пропишани со Уставот и законите на РМ, да е член на ВМРО-ДПМНЕ или граѓанин кој не е член на ниту една политичка партија, но се согласува и ги поддржува политиките, идеологијата, заложбите и програмата на ВМРО-ДПМНЕ.
„Потребно е заинтересираните кандидати да оседуваат углед, авторитет и морален дигнитет во местото каде што живеат и работат, односно во општината за која аплицираат. За поднесување на кандидатурата не се потребни потписи, туку доставување на стандардизирана биографија со фотографија на не повеќе од 3 страници, детална програма за работа на општината на не повеќе од 5 страници со конкретни проекти, мерки и идеи, за која се поднесува кандидатурата, како и пополнување на стандардна аплицијација“, стои во повикот од владејчката партија.
По доставувањето на кандидатурата, специјална комисија ќе контактира со секој кандидат и со него ќе биде извршен разговор. Сите кандидати имаат поддеднакви шанси да бидат избрани во зависност од личните квалитети и успеси во минатото, како и визијата за иднината.
„ВМРО-ДПМНЕ продолжува со својата пракса низ максимално транспарентна процедура и преку активно учество на граѓаните да се изберат најсоодветните кандидати за градоначалници. Идејата на ВМРО-ДПМНЕ е да ги обедини сите граѓани околу мотивот за создавање на силни и просперитетни општини во Република Македонија, стои во јавниот повик на партијата.
Инаку, сите заинтересирани лица потребната документација може да ја подигнат од седиштето на партијата во архивата секој работен ден од 12 до 16 часот или пак на веб страната www.vmro-dpmne.org.mk. Пополнетите материјали треба да се достават до партиското седиште.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)