Демонстрантите се собрале од десет часот утринава, а се организирале претходно откако беше најавено дека група од 150 Срби ќе дојдат во селото за да го прослават празникот на местото каде некогаш постоел манастирот, а кој бил разурнат од страна на припадниците на УЧК.
Големи немири од рано утрово има во Косово, во областа на Мушутиште, кај Сува Река. Повеќе стотици демонстранти опремени со албански знамиња, го блокираа патот кон остатоците од манастирот посветен на Успението на пресвета Богородица, а за каде беше најавена богослужба за христијанското население во тој дел од Косово.
Ангажирани се косовските специјалци, кои треба да обезбедат кордон за безбедно транспортирање на српските верници кон манастирот. Сепак дојде до судири, во кои демонстрантите почнаа да фрлаат и со камења кон полицијата, која, пак, за да ја растера толпата употребила и солзавец.
Три автобуси со околу 150 раселени Срби од Мешутиште кај Сува Река по повеќе од четири часа чекање се вратија, зашто поради протестот на Аебанците не успеаја да ја посетат разурнатата црква „Богородица Одигитрија“.
Засега ситуацијата е тензична, има голем број специјалци, а веќе се извршени и апсења на најпроблематичните демонстранти кои ја поттикнуваат толпата на немири.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)