| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ искрено за приватните проблеми: Не загубив на Вимблдон поради повреда или физички проблеми

Најдобриот тенисер во светот во 3. коло на турнирот во Лондон беше елиминиран од страна на Американецот Сме Квери.

-Не загубив заради повреда или физички проблеми, туку заради приватени проблеми кои ме мачеа во тоа време, изјави Новак во интервјуто за британскиот “Тајмс”, а на прашањето дали може да објасни за што се работи, одговори:

-Не е вистински момент да зборуваме за тоа. Но, тоа е решено и животот оди понатаму.

Со оглед на тоа што испадна уште во првото коло на олимпискиот турнир во Рио, а на големите турнири во Синсинати и Торонто воопшто не настапи. Неговите проблеми се уште не се решени, но сега се работи за физички, проблем со зглобот.

-Давам се од себе да бидам максимално подготвен, барем за почетокот на САД Опен, порача 12. грен слем шампион, кој е главен фаворит за турнирот во Њујорк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top