| четврток, 6 декември 2018 |

Нова жртва на патиштата: Жител на Оровник загина во тешка сообраќајна несреќа на патот Охрид – Струга

3

39-годишен жител на охридското село Оровник, загина во тешката сообраќајна несреќа што утрово околу 6 часот, се случи на регионалниот пат Охрид-Струга, во близина на бензинската пумпа Бесјани Петрол, во која учествувале две патнички возила, јави локалниот портал Охрид њус.

Несреќата се случила кога автомобил „Пежо“, што го управувал сега починатиот, од непознати причини преминал на спротивната страна од коловозот и удрил во возило „Хјундаи“ управувано од 55 годишен охриѓанец. Возачот на пежото бил пренесен во специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде починал.

1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top