| четврток, 6 декември 2018 |

Добил 50 марки во обложувалница, па цела ноќ и пеел на сопругата : „Где си била кад сам био нико“

Жителите на сараевската населба Мојмило го пријавиле соседот Р.Б. од чија куќа цела ноќ се слушала гласна музика.

Веднаш по доаѓањето на самото место, полицијата јасно и гласно слушнала како од неговата куќа ечи буквално една од најпознатите песни на Дејан Матиќ „Где си била кад сам био нико“, па заѕвониле, и го замолиле господинот да ја намали музиката и го прашале зошто толкава галама, а тој им одговорил дека на сопругата намерно и ја пушта таа песна, зошто освоил 50 конвертибилни марки во кладилница, а таа со месеци му трубела дека никогаш не добил ни марка од кладењето.

Жената е затекната во прилично чудна состојба, како гледа во ѕид, но била неповредена. Тој продолжил да ја пее песната и додека полицајците биле во куќата, ама потивко се слушала од звучникот.

По предупредувањето, да не доаѓаат пак и да му пишуваат казна, полицајците заминале, а тој ја „рокнал“ по нив песната „Не може нам нико ништа, јачи смо од судбине“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top