Нецели две недели по историскиот тикет на Ване Лесновски од Прилеп, кој во обложувалницата „Моцарт“ остварил добивка од речиси 600.000 евра, 70-годишник во Охрид станал побогат за 80 илјади евра, објавува Макфакс.
Среќниот добитник кој сакал да остане анонимен вложил 20 денари, на пет натпревари ја одиграл играта полувреме-крај, а коефициентот што го добил е најголем во историјата на обложувалницата 848.700.
Играчот по завршувањето на натпреврите што ги имал на тикетот добил 80.508 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.