Норвешки пожарникари денеска спасија маж кој упаднал во септичка јама, јавен тоалет во близина на Осло, во кој се спуштил за да го извади мобилниот телефон, но потоа не успеал да излезе.
Поради тоа што на неговиот пријател му паднал мобилниот, Като Бернтсен Ларсен се одважил да го извади од септичката јама низ отвор под ВЦ шољата.
-Прво се обидовме со стап да го извлечеме мобилниот, но не ни успеа. Потоа скокнав во јамата. Останав таму цел саат, па се испаничив, вели Ларсен и додаде дека бубачки лазеле по него.
Тој безуспешно се обидел сам да се извлече од големата јама која се празни еднаш годишно. Тогаш одлучил да ги повика пожарникарните служби на помош.
-Ни беше прилично лесно. Четири пожарникари со моторен тестер го исековме долниот дел ВЦ шољата во тоалетот и помогнавме да излезе момчето, изјави портпаролот на противпожарната служба, признавајќи дека тоа им била прва задача од ваков вид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)