Кариерата на Бастијан Швајнштајгер е во голем пад, а ново одбивање искусниот фудбалер доби од тренерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо.
Поранешниот капитен на репрезентацијата на Германија тренира со резервниот тим, но не ја губи својата надеж. Нема да го менува клубот и сака да се наметне кај новиот менаџер. Како засега стојат работите, од тоа нема да има ништо. Мурињо има јасна порака за Бастијан Швајнштајгер.
Пред мечот со Хал Сити, Португалецот немаше дилеми.
-Имам 23 играчи на кои сметам и нема да има промени до крајот на преодниот рок. Дали Швајнштајгер ќе игра? Тешко, многу тешко… Не велам дека е невозможно, но шансите се премали, изјави Мурињо.
Сепак, кога се најде очи во очи со искусниот играч за врска Мурињо беше значително погруб. Му објасни дека попрво ќе му даде шанса на некое дете отколку повторно да го испрати на терен.
На „Олд Трафорд“ ништо не оди според планот за Швајни. Соиграчите му препорачаа да не ги гледа тениските натпревари на својата сопруга и да започне сериозно да тренира, но изгледа дека ниту тоа нема да му помогне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Швајни доби награда, но ѕвезда на вечерта беше неговата сопруга!
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)