Нови фотографии и видео записи од погубувањето на петмина Курди објави ИД со кои што го шокираше светот. Егзекутори се деца!
Како што пренесуваат западните медиуми, децата-борци на Исламската држава се верува дека се од Велика Британија, Узбекистан и Египет.
Меѓу нивните жртви имало неколку возрасни мажи, како и еден помлад дечко за кој што се верува дека е тинејџер. Заробениците на Исламската држава, облечени во препознатливите портокалови одела, клекнати се на земјата, додека децата облечени во униформи и вооружени со пиштоли стојат над нив.
Оваа информација доаѓа откако минатиот месец британските медиуми објавија дека најмалку 50 деца од Велика Британија моментално се наоѓаат во Сирија и Ирак каде што посетуваат обуки за да станат членови на најозлогласената терористичка организација на сите времиња, Исламската држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)