| четврток, 6 декември 2018 |

Врба нов тренер на Кожув

Кошаркарскиот клуб Кожув од Гевгелија во новата сезона се засилува со нов тренер, еден од најдобрите македонски кошаркари, Врбица Стефанов, кој ќе го замени Марјан Илиевски.

– Почитувани навивачи и љубители на кошарката, ве известуваме дека од денес за тренер на КК „Кожув“ во претстојната натпреварувачка сезона е назначен легендата на македонската кошарка Врбица Стефанов. Се надеваме на многу успеси и му посакуваме успешна работа на новиот тренер, објави клубот на својот официјален профил на Фејсбук.

Стефанов е дел од стручниот штаб на македонската кошаркарска репрезентација каде ја има улогата на прв асистент на селекторот Драган Раца. Ова навестува дека Стефанов како тренер на гевгеличани би почнал со работа по 17.септември кога завршуваат квалификациите на Македонија за Европското првенство.

Во еден кус временски период Врбица Стефанов беше и на тренерската позиција на МЗТ Скопје Аеродром.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top