| четврток, 6 декември 2018 |

Киднаперот собирал пари за потрага по исчезнатата девојка што ја чувал дома

Ариел Кастро, против кого се поднесени пријави за киднапирање и силување, минатата година свирел на десетгодишнината од исчезнувањето на Џорџина Дехесус, девојката која ја чувал во неговиот подрум и собирал пари за нејзина потрага, пишува Еј Би Си.

Тоа не било прв пат Кастро да покажува грижа за исчезнатата девојка. Кога исчезната Џина тој делел летоци со нејзина фотографија и редовно одел на состаноци за нејзиното исчезнување. Киднапираната девојка наводно била пријателка на неговата ќерка.

Во меѓувреме, една од киднапираните девојки рекла дека на почетокот со нив имало уште една девојка но таа исчезнала. Полицијата се сомнева дека станува збор за Ешли Самерс која исчезнала пред шест години во истиот кварт каде што биле киднапирани и другите три девојки.

Полицијата соопшти дека поднела кривични пријави против 52 годишниот Кастро за четири киднапирања и три силувања.

Уапсени се и неговите два брата Онил и Педро Кастро но против нив нема да бидат поднесени пријави за киднапирање затоа што немало докази.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top