Претседателот на Србија Томислав Николиќ вчера потврди дека разговорите на преговарачките тимови на Белград и Приштина во Брисел се прекинати со образложение дека не бил остварен планот на Албанците потполно да се заборави договорот за нормализација на односите.
Николиќ за РТС изјавил дека поради инстистирањето на Албанците договорот да се толкува на нивни начин може Србија да ја изгуби можноста за датум за почеток на преговорите со ЕУ.
– Денеска не договоривме имплементација затоа што Албанците тврдат дека не е добар договорот. Денеска разговорите се прекинати затоа шпто не е остварен албанскиот план целосно да се заборави договорот каков што е, рече Николиќ.
Претседателот на Србија истакна дека нема да биде лесно повторно да се тргне од почеток, а во исто време предупреди дека Србија нема да остане глува ако некој ги нападне Србите на Косово.
Србија е војнички посилна од тоа што го поседуваат Албанците на Косово и тоа што го поседува НАТО на Косово. Не поставувам прашање дали можеме да ги одбраниме Србите од некој иден прогон, но Србија тогаш би влегла во војна со НАТО и затоа сега употребуваме толку дипломатија. Ние сите мора да заборавиме што би направиле лично, рекол претседателот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба


